Изабел Перељо прва жена на чело на Врховниот суд на Шпанија

Судијката на шпанскиот Врховен суд Изабел Перељо ќе биде првата жена што ќе претседава со шпанскиот Генерален судски совет и со Врховниот суд, откако на денешната пленарна седница на управното тело на судии ја доби поддршката од 16 од 20-те членови на Генералниот совет.

Перељо не беше првиот избор на прогресивната група судии во Советот, но извори од таа група гледаа позитивно на неа, а во рамките на Врховниот суд таа важи за некој со прогресивни ставови, пренесува „Паис“.

Покрај Перељо, се расправаше и за судијката на Врховниот суд Пилар Тесо, која исто така е прифатена од прогресивците, како и за Кармен Ламела, која беше поддржана од конзервативците

Back to top button
Close