Њузвик: Синот на Путин сака „Дизни“ филмови на ужас на своите родители
Како што пишува „Њузвик“, Путин во јануари 2024 година ги критикуваше Русите велејќи дека „ќе им отпаднат главите“ од гледање „модерни западни анимирани филмови“, и истакна дека советските филмови се со „комплетно различен квалитет“, со додавање дека имаат „емоционален и естетски ефект“ и „сосема различно влијание врз развојот на личноста“.
Во извештајот на „Досиер Центар“ се наведува дека ова не го спречило Иван да се претвора дека е јунак од Дизниевите филмови, на ужас на неговите родители.
Исто така, во извештајот е наведено дека децата на Путин најчесто играат сами или со возрасни, а своите родители ги гледаат само навечер – а своите врсници главно за време на празници