И ја украле чантата на министерката за внатрешни работи на Велика Британија и тоа додека била на состанок со полицијата
На британската министерка за внатрешни работи Диана Џонсон и ја украле чантата додека била на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите.
Џонсон истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на асоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“.