Трамп: Добар сум и безбеден, никогаш не се предавам!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп порача дека е безбеден по пукотниците во негова близина во Палм Бич на Флорида, три месеци откако преживеа атентат во Пенсилванија.

– Имаше пукотници во моја близина, но пред озборувањата спирално да излезат од контрола, сакав да го чуете прво ова: Јас сум безбеден и добар… Ништо нема да ме запре. Јас никогаш нема да се предадам. Јас секогаш ве сакам поради тоа што ме поддржувате – порачал Трамп во електронско писмо до потенцијалните донатори на неговата предизборна кампања.

Пукотниците одекнале во околу 14 часот близу теренот за голф на кој играл Трамп. Тој веднаш бил префрлен на безбедно, а клубот, кој е во негова сопственост, бил затворен.

Окружниот шериф изјави дека е приведено едно лице осомничено дека е поврзано со пукотниците, а неофицијално било запленето и оружје со долга цевка.

– Запревме возило и приведовме сомнително лице. Затворен е дел од секцијата на автопатот во округот Мартин – објави канцеларијата на окружниот шериф

Back to top button
Close