Таравари: Градоначалник може да разрешат само тие што го избрале – граѓаните

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја нарече скопската градоначалничка Данела Арсовска е промашена инвестиција. Но, според него, не смее да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници. Тој посочи дека тоа можат да го прават само граѓаните.

„Јас мислам дека градоначалниците се избираат од граѓаните. Ние предлагаме во Законот за локална самоуправа, за да рационализираме да нема постојано избори. Мислам дека градоначалниците можат да останат без мандат, само преку тие кои им го даваат. Мандатот го даваат народот, тие можат да одземат. Јас мислам дека градоначалникот на Кисела Вода, се повикува на градоначалничката на Град Скопје, која е промашена инвестиција“, рече Таравари.

Според него, треба да има политичка одлука за разрешувањето на градоначалниците, но освен граѓаните, никој да не може да ги разреши.

Back to top button
Close