Нова експлозија во Келн
Уште една експлозија се случи во текот на ноќта во Келн, на само неколку стотини метри од местото каде одекна експлозијата во понеделникот наутро.
Во текот на ноќта се слушна тресок во продавница за облека со станови горе на Еренштрасе, објави Билд.
„Итната помош била известена околу пет часот наутро“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата.
Жителите биле шокирани од новата експлозија, а еден случаен минувач (40) е повреден.
Полицијата е на терен и го обезбеди местото на инцидентот.
Продавницата за облека „LFDY“ била во голема мера уништена – откорнати се делови од внатрешната ламперија, уништен е мебелот и искршени се стаклата. Според првичните информации, противпожарната служба морала да изгасне мал пожар.
Засега нема информации дали овие две експлозии се поврзани