Маскирани лица го претепале претседателот на ФФМ во ресторанот Балканика

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини бил претепан од неколку маскирани во ресторанот Балканика Рустикана во Скопје, дознава Алсат.

Веста ја потврди и портпаролот на Федерацијата, кој нагласи дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“.

Во моментов претседателот на ФФМ е во полиција. Напуштајќи го ресторанот каде имал состанок бил нападнат од непознати лица облечени во дуксери“, изјавија од Службата за односи со јавност на Фудбалската федерација на Македонија.  

Оттаму не можеа да кажат повеќе детали за случајот, како и за здравствената состојба на Сејдини, односно дали напаѓачите му нанеле посериозни повреди.

Велат дека тоа ќе биде познато по завршувањето на процедурите во полицијата и по лекарскиот преглед.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) засега нема информација за случајот.

Back to top button
Close