Италија во моментов не размислува за повлекување на својот контингент од Либан


Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска изјави дека засега нема непосредна закана за италијанската армија во Либан и дека Италија не размислува за повлекување на својот контингент, иако ситуацијата е „исклучително деликатна“.

Тој рече дека постојано е информиран за развојот на настаните во Либан, пренесе агенцијата Анса.

„Мисијата УНИФИЛ не е цел на нападот, иако е можно случајно да биде вовлечена поради зголеменото ниво и интензитетот на борбите“, рече Крозето.

Back to top button
Close