Времето денеска: Претпладне сончево, попладне со дожд и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во попладневните и во вечерните часови во западните делови ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 1 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот од 18 до 27 степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој во делови од котлината ќе биде повремено засилен. Температурата во Скопје ќе биде до 27 степени.

За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер.

И во Скопје утре се очекува променливо облачно време кое попладне и кон крајот на денот ќе биде со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Температурата утре ќе биде од 15 до 26 степени.

Back to top button
Close