Николоски: Секое трпение има крај – од двата актуелни мобилни оператори ќе зависи дали ќе има трет

Мислам дека лоши сценарија никој не би сакал да види каде што би оделе со казни или каде што би оделе со принудување,…, но секое трпение има крај и мислам дека во следните недели мора да се заврши – или ќе го почитуваат закони или, како и за сите други, ќе бидат преземени мерки – потенцира министерот

Министерот за транспорт и заменик-преседателот на Владата, Александар Николоски ги повика двата актуелни мобилни оператори во земјава, да почнат да ги почитуваат законите и да направат договори за да им плаќаат надомест на националните телевизии кои ги емитуваат преку кабелските телевизии.

 

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Како што истакна Николоски на прес-конференција во Владата, никој не сака да види лоши сценарија, но секое трпение има крај.

Министерот нагласи и дека ако двата оператора почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, простор за трет оператор ќе нема.

-Јас од првиот ден стојам зад тоа дека двата актуелни мобилни оператори, а и кабелски доминантни оператори мора да го почитуваат Законот. Во овој момент, според мене, законот не се почитува. И она што можам да го направам и што го правам во моментов е да ги повикам да го почитуваат Законот и се надевам дека тоа ќе го направиме во добра волја со цел да има најдобра можна соработка со националните телевизии. Мислам дека лоши сценарија никој не би сакал да види каде што би оделе со казни или каде што би оделе со принудување,…, но секое трпение има крај и мислам дека во следните недели мора да се заврши – или ќе го почитуваат закони или, како и за сите други, ќе бидат преземени мерки – потенцира министерот.

Според него, Владата не планира да прави непринципиелни договори со двата оператора, ниту планира да им попушта како што попуштале претходни влади.

-Ние бараме да се почитува законот. Дополнително, уште еднаш апелирам, многу се зборува за трет мобилен оператор. Дали ќе има или ќе нема трет оператор зависи исклучиво од постојните два мобилни оператора. Доколку почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, мислам дека простор за трет оператор нема. Доколку продолжат да се однесуваат дуополски, да ги креваат цените, а да ги влошуваат услугите, има огромен простор за трет мобилен оператор. Така што, одлуката е нивна, а ние ќе правиме така како што ќе диктира времето. Наша цел е граѓаните, претпријатијата и институциите да добијат поевтини услуги – да добијат за поевитна цена подобри услуги. Тоа е тоа што ние го очекуваме – нагласи Николоски.

Back to top button
Close