Тачи официјално раскрстил со Али Ахмети
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот.
За порталот тоа го потврдиле и од партијата на Тачи, ДПА, нагласувајќи дека ќе останат во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.
Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт.
– Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи – истакна Ахмети.
Тачи беше кандидат за пратеник на изборната листа број 6 каде што победи како пратеник. По неговото заминување, Европскиот фронт останува со 17 пратеници.