Драма кај Блаце: Косовец со „волво“ им сечел пат на полицајци за комбе да може да им избега

 
 

Вистинска драма се одвивала на патот помеѓу Скопје и Граничниот премин Блаце кога косовски државјанин со своето возило „волво“ ги попречувал полицајците за да запрат комбе „мерцедес“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, Косовецот сега ќе одговара за спречување службено лице во вршење службено дејство.

„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен државјанин на Р.Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик. На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило „мерцедес спринтер“. Косовскиот државјанин, со автомобил „волво“ со косовски таблици со голема брзина им го пресекол патот. Движејќи се меѓу полицискиот автомобил и товарното возило правел движења и маневри со кои ги спречувал полицајците во вршење на службеното дејствие и така му овозможил на товарното возило да побегне. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот косовски државјанин“, велат од ОЈО.

Back to top button
Close