Кузеска: Поради функцијата, Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест
Како се чувствува Божиновска и дали има бугарска самосвест не е прашање за адвокати, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска откако пред два дена министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека ќе се консултира со адвокат околу неколкуте прашања за нејзиното бугарско државјанство.
„Како се чувствува Божиновска и дали има бугарска самосвест не е прашање за адвокати, недозволиво е да ја лаже и да ја манипулира јавноста, таа извршува висока јавна функција и поради односите со Бугарија има должност да и соопшти на јавноста за нејзината самосвест“,рече Кузеска на денешната прес-конференција.
Освен за прашањето за бугарската самосвест, Кузеска рече дека министерката Божиновска должи одговори и за долгот на фирмите од еден милион евра.
На прашањето на „360 степени“ дали може на увид на јавноста да ѝ стави документ од бугарските власти со кој ќе потврди дека веќе не е бугарска државјанка, во петокот министерката за енергетика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека за тоа ќе мора да се консултира со адвокатите.