Опожарен контејнер во скопско Ѓорче Петров

Непознати сторители во текот на изминатиот викенд опожариле еден контејнер наменет за одлагање комунален отпад лоциран на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.

Опожарениот контејнер, како што денеска соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје, бил со зафатнина од 3,2 м3 и бил целосно уништен и неупотреблив.

Од почетокот на годинава биле опожарени вкупно 19 пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови има заменето со нови.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Back to top button
Close