Александар, менаџер на Конти, со детали за аферата која ја тресе Македонија: Не побегнав од земјата, достапен сум за институциите и за јавноста!

Аферата со Конти – пирамидална шема на која за околу една година се навлекле околу 14.000 граѓани, ја тресе Македонија.

Дел од лицата кои вложиле пари, односно уплатиле средства на апликацијата, со надеж дека само со влог и со кликање на линкови за филмови ќе заработат големи суми, останаа без вложените средства, откако падна пирамидата.

Шпекулациите се дека во игра биле десетици милиони евра, пари од играчите на Конти, но официјални податоци за целата афера – нема. Никој од оштетените досега не пријавил во МВР, и најголем дел од информациите за случајот, најчесто непроверени, се објавуваат на социјалните мрежи.

Деновиве, откако падна Конти, актуелно е и видео од отворање на Инфо центарот Конти во Радовиш. Со торта, балони и ракоплескање се отворила таа канцеларија, каде граѓаните можеле да добијат информации за апликацијата, и каде се вршеле презентации како истата функционира.

Но, освен во Радовиш, отворена беше и канцеларија во Кавадарци.

Кавадарчанецот Александар Димков (26), беше еден вид на менаџер на Конти Македонија, односно лице кое ја отвори првата Конти канцеларија во земјава.

Токму поради тоа, разочарувањето на многумина кои изгубиле пари е насочено кон него, па дури и се пишуваат заканувачки коментари, во кои му се порачува да ги врати парите на играчите назад.

За „Фокус“ младиот кавадарчанец раскажува дека навистина добил бројни закани, и размислува дали да ги пријави во полиција. Вели дека сите кои се вклучиле во шемата, добро знаеле за што станува збор. Немало никакви гаранции за сигурна добивка, никој не потпишал никаков договор, се плаќало во крипто валути, нешто кое кај нас не е регулирано со закон, но не е ниту пак забрането.

Открива дека само од Кавадарци имало околу 8.000 лица кои уплатиле, и околу 90 проценти од нив заработиле од играта. Како што вели, и тој е помеѓу оние кои заработиле, но откако апликацијата паднала, и дел неговите средства останале заробени.

-Зад апликацијата стои Конти Интернационал, компанија од Обединетото Кралство. Кај нас, во Македонија, Конти дојде преку Словенија. Јас се вклучив во април во играта. Кога стигнав до трето ниво, добив еден вид на награда, отворање на канцеларија. Ја отворив канцеларијата во Кавадарци чија намена беше информационо биро, и постојано доаѓаа заинтересирани граѓани, имавме презентации околу тоа како функционира шемата.

повеќе

Back to top button
Close