Го однела партнерот мртов во болница па сакала да избега преку граница

СВР Тетово соопшти дека вчера (6 октомври) во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од Скудриње, општина Маврово и Ростуше. Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени.

„Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа бил задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.“, се наведува во информацијата од полицијата

Back to top button
Close