Битиќи: Политичката цена од унгарскиот заем може да е поштетна и поголема
Политичката цена што можеме да ја платиме како држава заради заложништво и евентуално мешање на Унгарија во внатрешните работи е позадината во овие 500 милиони и може да е поштетна и поголема, отколку придобивката од кредитот, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24.
Битиќи нагласи дека извозната банка на Унгарија пред само неколку месеци доби кредит за себе од Кина од милијарда евра, и оттука се сомневањата дека може да има политичко влијание не само до Унгарија, туку и од Кина.
-Секое едно задолжување треба да има поголема можност за дебата, да не се води во скратена постапка, рече Битиќи, додавајќи дека еден преседан е што ова задолжување беше предложено од пратеник на владеачкото мнозинство а не од министерот за финансии, а втор преседан е што на расправата не се појави министерот за финансии, туку заменикот министер од друга политичка партија.
Битиќи нагласи дека ова е сиптоматично и запраша дали министерката за финансии не верува дека овој заем е добар за државата.
-Не е вистина дека ова се најдобите пари за финансирање на стопанството, рече Битиќи, потсетувајќи дека владата со ребалансот ја скрати финансиската поддршка за компаниите, кои инвестирале претходната година, а сега ги упатува да земаат кредит.
Како на 915 компании кои минатата година направиле инвестииции чекале државата да им врати пари по основ на предвидливоста, ќе им кажете, ја промашивме годината, ќе ви дадеме помалце, а вие одете земете кредит, нагласи Битиќи.
Во врска со средствата од унгарскиот кредит наменети за општините Битиќи рече дека има многу нејаснотии и додаде дека се слушаат многу невистини.
-Слушаме 136 евра по граѓанин, што звучи убаво, но не е вистина. Објавениот повик е 100 милиони евра, што е помалку, 70 евра по глава на жител. Е сега, јавниот повик е за 100 милони евра, а во реабалансот во таа ставка има само 75 милиони евра. Дополнително се вели дека заемот е земен за 250 мииони евра. Се даваат 100 за општините, значи остануваат 150 милиони. Владата вели нови 250 милиони ќе има следната година. Нејасно е сега, од овие 150 или ново задолжување? Бидејќи овие пари што ќе се искористат сега, влегуваат во сегашниот буџетски дефицит. Нема да ги има за следната година. Прашањето е дали ќе има нови 500 милиони евра од Унгарија?, рече Битиќи.
Битиќи: Влада сте, дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица и Гостивар
Не владее СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои имаат реален проблем, што треба да се реши со водата за пиење во неколку општини, дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица, Гостивар, и други места, немојте да се реванширате кон граѓаните и општините, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија 24 анализа на телевизија 24.
Битиќи запраша кога граѓаните на Струмица и Гостивар ќе добијат вода и што ќе се случи кога граѓаните на Скопје ќе ги искористат резервните делови и залихите оставени од претходната власт.
– Секоја влада која доаѓа на власт, треба да ги решава проблемите на сите граѓани, не на едни или други, порача Битиќи. Нашата држава е заедничка, ако алудирате како ЗНАМ дека горда Македонија треба да биде поделена, тоа е ваш проблем. Ова, е драги граѓани реториката која ја слушаме и замката во која влегуваме, нагласи пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија 24 анализа на телевизија 24.