Коста Кецмановиќ: Мајка ми бараше да бидам најдобар во сè, се лутеше и викаше кога не бе

„Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобра. Бидејќи постојано бараше повеќе од мене, и јас бев лут на неа. Нејзиното однесување влијаеше на мене да го правам тоа што го правев. Да ги немав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова“ – ова го изјави денеска Коста Кецмановиќ пред Специјалниот суд во Белград на сведочењето во судската постапка против неговите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ

Прашањата до момчето убиец ги поставил главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, а првпат во процесот директно учествува и шеф на обвинителство.

Момчето убиец кое на 3 мај минатата година го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, денеска за првпат откако уби невини деца и училишниот чувар се најде лице в лице со семејствата на своите жртви, но и со неговите родители, со кои откако е обвинението му беше забрането да комуницира

Back to top button
Close