Кинескиот премиер во Виетнам вети помош во развојот на трговијата и железницата

Кинескиот премиер Ли Чијанг за време на денешната посета на Виетнам вети дека ќе помогне во развојот на железницата и ќе го прошири увозот на земјоделски производи од својот сосед.

Кина на тој начин ќе го отвори пазарот за висококвалитетно овошје, морска храна и други виетнамски производи, наведуваат државните медиуми на Виетнам.

Кина е најголемиот трговски партнер на Виетнам и втор најголем извозен пазар, откако американската трговија меѓу двете земји достигна 172 милијарди долари во 2023 година.

Лидерот на Виетнам, претседателот То Лам кој беше избран во мај, ја истакна важноста од развивање на односите со Пекинг.

Кинескиот премиер Ли дојде во Виетнам од соседен Лаос, каде што не одговори на барањата изнесени на состанокот на лидерите од Југоисточна Азија, Пекинг да почне да го почитува меѓународното право во територијалните спорови во Јужното Кинеско Море.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен им рече на лидерите од Југоисточна Азија собрани во Лаос минатата недела дека САД се загрижени поради „сè поопасните и нелегални“ активности на Кина во Јужното Кинеско Море.

Back to top button
Close