Кина се закани, доколку е потребно, ќе преземе уште дејствија против Тајван

Кинеското Министерство за одбрана предупреди дека ќе преземе дополнителни дејствија против Тајван доколку е потребно по денешните воени вежби околу островот.

„Народноослободителната армија на Кина ќе ги интензивира своите акции против секоја провокација поврзана со ‘независноста на Тајван’ додека конечно не се реши тајванското прашање“, се вели во соопштението.

„Денешните вежби не беа повторување на воените маневри одржани во мај, туку претставуваат зголемување на притисокот против независноста на Тајван“, се додава во соопштението на Министерството.

Back to top button
Close