(Видео) Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел

Белгиските студенти објаснија дека протестираат поради зголемените трошоци за образование и реформи и дека стравуваат дека трошоците и реформите ќе го направат високото образование помалку достапно.
Многумина од демонстрантите носеле маски и извикувале антифашистички слогани. Очевидци изјавија дека полицијата употребила солзавец и водени топови, додека некои од демонстрантите превртеле автомобил.
Белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квинтин во соопштението на платформата Икс наведе дека „тоа што се случува во Брисел веќе не е обичен протест“ и дека „ќе бидат искористени сите потребни средства за воспоставување ред и за соочување со демонстрантите“.
Демонстрации се одржаа и во Лиж, град на истокот од земјата. Претходно овој месец, студентите таму протестираа против состојбата на образовниот систем на француски јазик, наведувајќи ги зголемените трошоци за образование и тешкотиите во пристапот до наставни материјали.






