Јандреоски добил отказ од Аеродроми на Црна Гора како „најкрупно и најнегативно промашување“, а ВМРО-ДПМНЕ му најде место во М-НАВ

Оттаму се наведува дека со одлука на Владата, а која всушност има важност како одлука на Собрание на акционери на одредено акционерско друштво, отповикани од должноста се Димитар Џеков и Едмонд Калиќи, а за нови членови на Надзорниот одбор се именувани Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ, независен и член предложен од синдикалната организација.

Надзорниот одбор на М-НАВ сега го сочинуваат Кристијан Михајлоски, Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ.

Од новоименуваните членови на М-НАВ, името на Горан Јандреовски привлекува особено внимание затоа што за само една година од извршувањето на функцијата извршен директор на Аеродроми Црна Гора, доби отказ од јавното претпријатие во Подгорица како „најкрупно и најнегативно кадровско промашување“, според оценката на тамошните медиуми.

„Во морето погрешни и избрзани потези на Министерството за капитални инвестиции, еден од најнегативните и најголемите промашувања е инсистирањето на именување на Горан Јандреоски за извршен директор на аеродромот во Црна Гора. За оние кои не се запознаени со прашањата на оваа компанија, некои други поврзани работи, генерално, овој избор изгледаше како вистински потег. И навистина, ова го очекуваше мнозинството од црногорската јавност, дека ова е крај на практиката на ангажирање партиски кадри и нејзин натамошен колапс… Не требаше многу да се отрезнат луѓето и да ја видат целата погубност, на овие оркестрирани избори во вистинско светло“, напиша црногорски Поглед на 26 ноември 2021 година само 6 месеци по именувањето на Јандреовски за извршен директор на Аеродроми на Црна Гора (АЦГ).

Порталот уште напиша дека „на сите во овие црногорски и ексјугословенски простори им е јасно дека големата промотивна кампања на еден шарлатан, моментално актуелен директор на АЦГ, под раководство на државниот секретар Зоран Радуновиќ, беше целосно фијаско и ги разоткри вистинските намери на играч и неговиот моќен ментор. Особено на луѓето од воздухопловната струка и науката во Северна Македонија, кои ги познаваат квалитетите и стручноста на Јандреоски…“.

И други црногорски и регионални медиуми известуваа за изменувањето и разрешувањето на Јандреоски.

„Кога беше избран за извршен директор на Аеродромот во Црна Гора“, пренесува РТВ Војводина, „Управниот одбор на АЦГ објави дека Јандреоски е регионално познат воздухопловен експерт од Северна Македонија со богата професионална кариера“.

Но, само после 6 месеци од неговиот избор, стручната и медиумската јавност во Црна Гора остро реагираше на начинот на управување на Јандреоски со АЦГ. Му било забележано дека не може да работи професионално и дека не го спроведува ниту она што го презентираше како дел од сопствениот план пред Управниот одбор на АЦГ.

Сепак, најголемата критика што му беше упатена нему и на неговите ментори, според црногорски Поглед, е неговото учество во подготовката на АЦГ за преземање на црногорските аеродроми од турскиот конзорциум ТАВ.

За среќа доби отказ, пишуваа црногорските медиуми, а кога новиот Управен одбор на АЦГ го разреши, му дадоа значителен отпремнински пакет и продолжија да плаќаат за луксузно наместен стан во луксузниот Капитал Центар во Подгорица. Но, тоа беше само „отмен“ крај на авантурата на Горан Јандреоски, кој сакаше да се прикаже како регионално познат експерт, пишуваа тогаш црногорските медиуми.(Рацин)

Back to top button
Close