Променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во утринските часови во некои котлини ќе има појава на слаба магла или ниска облачност. Во текот на денот се очекува да дува и слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од 4 до 14 Целзиусови степени, а во текот на денот од 15 до 21 степен.

Во Скопје денеска утрото ќе биде со појава на слаба магла, а преку денот ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Температурата од 8 степени наутро во текот на денот ќе се искачи до 21 степен.

За утре се најавува променливо облачно време со сончеви периоди, а во западните делови од земјата ќе има слаби врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 14 до 20 степени.

Back to top button
Close