АПЛИКАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ГОВОР КАЈ ДЕЦА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Мобилната логопедска апликација „Мобилич“ која се користи за дигитална
обработка на говорот. наскоро ќе биде достапна и на македонски јазик, По
нејзината успешна примена во Србија, по барање на логопедите од Македонија ќе
можат да ја користат и деца од нашата земја за подобрување на говорот.
Презентацијата ќе се одржи на втори ноември во 17.30 часот во Public Room.
На присутните ќе им биде доделена апликацијата, iPad уред и дополнителна
опрема за работа, на институција или здружение кое се занимава со
рехабилитација, едукација или развој на говорот и јазикот кај деца.
Обраќање ќе имаат авторката на апликацијата за која има добиено државна
награда во Србија, Марина Рангеловиќ, дефектолог и логопед и Јелена Кудриќ,
дефектолог и логопед. Модератор на настанот е Александра Влеинова која го
позајмува гласот за македонската верзија на апликацијата.
Целта е логопедите и дефектолозите, како и сите заинтересирани, подобро да се
запознаат со функционалноста на апликацијата и новиот дизајн, како и
придобивките од истата. Поради ограничениот број на места, пријавувањето е на
следниот линк.
https://docs.google.com/forms/d/1aUa1xt8duZVbmId7VZq99RKkLQQ052ODyURSw2A
sEW0/edit?sharingaction=ownershiptransfer&ts=66f30c10