Вработените од Зоолошката градина се евакуирани поради сомнеж за смртоносна бактерија кај птиците. Дали се работи за птичји грип?

Зоолошката градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените, објави Мета.мк, повикувајќи се на извори од ЗОО Скопје.

Неофицијално, како што објави Мета.мк, станува збор за заразна бактерија кај гуските која може да се прошири и кај луѓето. Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов кратко изјавил дека од рано изутрина е во Зоолошката градина и дека ќе се вршат сите можни испитувања за да се види точно за што станува збор.

Пред малку на фејсбук се огласи и Ѓорѓи Галетановски еден од најуспешните директори на ЗОО градината кој беше сменет со доаѓањто на ВМРО ДПМНЕ на власт во врадот преку нивниот избор градоначалник да биде Данела Арсовска.

Галетановски предмалку од свои извори во зооошката напиша дека е констатиран птичји грип и повика сите што деновиве биле во писета на зоолошката да се јават на лекар,

Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во зоолошка градина Скопје”
Во моментов Зоолошка е затворена посетителите евакуирни инспектори се веќе влезени
Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат

 

Back to top button
Close