БГНЕС: И Главниот советник на претседателката Силјановска е државјанин на Бугарија

Отворениот противник на вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, Жидас Даскаловски, е државјанин на Бугарија повеќе од 20 години, објави БГНЕС.

Проф. Даскаловски е советник за надворешна политика на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Тој добил бугарско државјанство на основа на бугарско потекло во 2003 година, пасошот го обновил во 2022 година, пренесе Бгнес.

-Во последната деценија македонскиот професор користеше различни дефиниции за Бугарија – од „постар брат“ до „окупатор“. Пред потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка (2017), Даскаловски зборуваше за бугарски „нож во грбот на Македонија“, закани со вето итн. Тој денеска ја брани идејата на премиерот Христијан Мицкоски за таканаречените „уставни измени со одложено дејство“, која ја удри Европската Унија  – пуоува БГНЕС.

„Нема ништо лошо во уставот да има Бугари, Црногорци, Хрвати, но да го правиме тоа така да не се лажеме, како што направивме со Грција, кога владата на Зоран Заев потпиша договор кој беше требаше да ги отвори вратите, но не. По оваа логика, да бидеме претпазливи, влезот направете го со таканаречено одложено дејство“, вели Даскаловски.

„За политичарите од Софија кои повторуваат дека имало говор на омраза и дека мора да престане, а за блудниците од СДСМ: признајте ги Македонците, јазикот и името – и овде и таму, па нема да има повеќе тензија. Почитта и братското однесување ќе донесат братски односи“, инсистираше тој во февруари 2023 година.

Неколку месеци подоцна Даскаловски ја критикуваше политиката на тогашниот премиер Димитар Ковачевски во однос на Бугарија и Брисел.

„Во отсуство на опипливи резултати во економијата, подобрување на демократијата и масовна корупција, владата го промовира наводниот напредок во евроинтеграциите“, тврди тој и додава дека владата во Скопје е во ќорсокак и се обидува со помош на западниот фактор да влијае на опозицискиот блок (ВМРО-ДПМНЕ), кој се противи на „уставните измени без гаранции дека нема да има нови услови од Бугарија за влез во ЕУ“. Според него, „бугарските блокади“ ќе продолжат и покрај ветувањата на владата и странските дипломати“.

„Ваквите ветувања се за малите деца. Знаеме дека имаат опции, знаеме дека ќе ги искористат ако мислат дека мораат. Проблемот настана кога владата ги протурка сите овие договори без да се консултира со опозицијата и јавноста и академската јавност“, категоричен е универзитетскиот професор.

Даскаловски ја поддржува македонската теза за „бугарски окупатор“ во Македонија за време на Втората светска војна. (Бгнес)

Back to top button
Close