Додов најави кривични пријави: 192 милиони денари со фантомски проекти се испумпани од ФИТР
В.д. директорот на ФИТР, Никола Додов на прес-конференција соопшти дека 192 милиони денари или 3,2 милиони евра со фантомски проекти се испумпани од Фондот за иновации и технолошки развој. Тој најави кривични пријави и одговорност. Потенцира и дека два „Иновациски“ градови во Македонија се „лидери“ по иновации со најголем број средства од ФИТР по глава на жител.
Се работи за 60 фирми за кои се води истрага. И 50 приватни здравствени установи ги злоупотребиле средствата што ги добиле од Фондот. Овие утврдени злоупотреби ќе бидат доставени до надлежното Јавно обвинителство, по кои што ќе се постапува.
Додов најави дека Фондот жестоко ќе се бори тие пари да бидат вратени.
Постои и долг за оперативни трошоци од 1.3 милиони евра ненаплатени од поранешното раководство, се преземаат чекори за утврдување одговорност, а за само еден месец 600 илјади евра веќе се наплатени од сегашното, ново раководство.
Додов соопшти дека во тек е сеопфатна ревизија на исплатените средства за проектите и на самите проекти како се одвивале и одвиваат во моментот. Се истражува и како и по кој законски основ станале корисници на средства од ФИТР.
Се истражува и случај на големи средства дадени во Ковид кризата на медицински установи блиски до минатата власт.
Компанија во блиска врска со тогашната власт, поврзана со СДСМ и ДУИ добивала огромни средства од фондот, а истото лице е поврзано и со други 4 компании, каде 80 насто од средствата се префрлаат на сметка на иста компанија, извести директорот на ФИТР, кој најави одговоорност за сериозните неправилности во работата на претходното раководство.
Посочи и дека неколку фирми биле корисници на повеќе грантови за исти, идентични проекти. И дека два „Иновациски“ градови во Македонија се „лидери“ по иновации со најголем број средства од ФИТР по глава на жител.
Во Фондот се само 8 лица вработени со редовен работен однос. Повеќе лица земале хонорари од 60-на илјади денари, не оделе на работа, а само тројца запишани со редовно работно време, дел запишани како „експерти“ одбивале да ги извршат своите задачи.
Се работи на поднесување кривични, а на следната прес-конференција в.д. директорот Додов најави дека ќе извести поконкретно за кривичните пријави