АНАЛИЗА: Капиталните расходи на “инфузија”, реализација од 40 % за девет месеци

Само четири министерства за девет месец реализирале повеќе од 60% од планираните капитални инвестиции. Трите ново формирани ресори, за спорт, за енергетика и за јавна администрација иако имаат поголем износ на средства за капитални инвестиции, засега реализацијата е нула , пишува Порталб.мк. Според новите податоци од Министерството за финансии, највисок износ на потрошени средства за јавни инвестиции има МВР.

Дел од ресорите со поголеми буџети испорачаа “лазечки” проценти на капитални инвестиции…

 

Од ресорите кои располагаат со поголеми буџети , Министерството за внатрешни работи за девет месеци реализирало 16,7 милиони евра или 83,02% од предвидените капитални расходи, Министерството за економија и труд од предвидените скоро 347 000 евра потрошило 73,21% а Министерството за одбрана од 96,2 милиони евра реализирало 70,2%. Министерството за земјоделство од годишниот буџет во износ од 5,9 милиони евра за капитални расходи, за девет месеци остварило 63,17%. Сите останати ресори имаат реализација на капиталните расходи помала од 55%.

 

Остварување на капитални расходи ( трет квартал )

 

Министерството за внатрешни работи 83,02%

 

Министерството за економија и труд 73,21%

 

Министерството за одбрана 70,20%

 

Министерство за земјоделство 63,17%

 

Извор : МФ

 

Министерството за финансии – функции на држава ( преку кое се вршат исплатите по различни основи) заклучно со третиот квартал реализирало 50,46% од предвидените 173,1 милион евра за капитални расходи а околу половина од планираните средства потрошиле и Министерството за образование кое од 33,9 милиони евра реализирало 50,97% и Министерството за здравство, кое од скоро 11,1 милион евра за капитални расходи, за девет месеци потрошило 50,42%.

 

Повеќе ресори за девет месеци имаат реализација на капиталните расходи пониска од 30%. Конкретно, Министерството за надворешни работи и трговија од предвидените 317 600 евра за капитални расходи потрошило 16,91%, Министерството за финансии од расположливите 9,1 милион евра реализирало 22,95%. Министерството за транспорт кое располага со огромни 191,4 милиони евра за капитални расходи, на истекот од оваа година, заклучно со третиот квартал реализирало само 16,17% од предвидените средства. Уште еден ресор, Министерството за труд и социјална работа, кој располага со повисок износ од 7,1 милион евра за капитални расходи, заклучно со третиот квартал испорачало реализација од 25,02%.

 

Министерството за култура од расположливите 1 милион евра потрошило 38,57% а незначителна реализација на капиталните расходи од 1,36% испорачало Министерството за локална самоуправа.

 

Дел од министерствата во оваа изборна година, заклучно со деветтиот месец испорачаа симболична реализација на расходите за јавни инвестиции. Така на пример Министерството за политички систем иако има незначителен износ од околу 3000 евра по овој основ, од овие средства не потрошило ниту денар.

Во групата на ресори со 0 реализација на капиталните расходи се и новите, Министерството за енергетика за кое годинава по овој основ се планирани 4,3 милиони евра, Министерството за спорт кое располага со буџет од 6,5 милиони евра како и Министерството за јавна администрација со буџет од 14 400 евра.

Податоците покажуваат дека институциите со “симболични” износи за капитални расходи успеале да реализираат поголем дел од планот, па така на пример Комисијата за заштита на конкуренција од планираните 5000 евра потрошила скоро 78%, Државната комисија за жалби по јавни набавки од 4000 евра реализирала 86% а речиси целосно се потрошени средствата за капитални инвестиции во Државниот инспекторат за техничка инспекција, Агенцијата за странски инвестиции, Уставниот суд.

Заклучно со првиот квартал реализацијата на капиталните расходи изнесува 40,01% или потрошени се 281, 5 милиони евра.

 

 

Back to top button
Close