Убиец во Минесота киднапирал трудница и четири деца

Во САД активиран е Амбер алерт алармот поради киднапирање на трудница и нејзините четири деца.

Драмата се одвивала во Минесота, а се сомнева дека децата и нивната мајка биле киднапирани од нејзиното вооружено момче.

Полицијата трага по Никола Добсон (33) и нејзините деца Брендон (14), Хели (11), Грејси (7) и Клои, кои ги киднапирал Чад Анеруд (35).

Властите во Минесота на социјалните мрежи наведуваат дека Анеруд е осомничен дека убил маж пред да ги киднапира својата девојка и нејзините деца.

Според извештаите, тој влегол во куќата каде што била Никола со децата и испукал рафал во таванот пред да ги натера мајката и децата да го следат.

Во овој момент не се знае каде побегнал киднаперот со жртвите

Back to top button
Close