Кривична пријава за сопственик на фирма за противправна двојна наплата на едно исто побарување од друга фирма
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Т.(41) од Скопје за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” и кривично дело „оштетување или повластување на доверители” против правно лице од Скопје за кривично дело „оштетување или повластување на доверители” и против К.Н.(46) од Скопје, службено лице помошник нотар за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Како што соопштува МВР, првопријавениот во улога на сопственик и управител на второпријавеното правно лице, иако знаел дека побарувањето во износ од 720.793 денари што неговото правно лице го има од друго правно лице од Скопје врз основа на пресуда од Основен граѓански суд било во целост намирено, сепак на 21.02.2024 кај нотар солемнизирал договор со цесија со која побарувањето на неговото правно лице го префрлил на самиот себе и веднаш потоа, иако ваквото побарување веќе било исплатено, преку извршител побарал присилна наплата уште еднаш од правното лице, при што на 26.02.2024 од страна на извршител била реализирана противправна двојна наплата на едно исто побарување во износ од 720.793 денари