Маја Санду останува претседателка на Молдавија

Прозападната претседателка на Молдавија, Маја Санду го презеде водството во вториот круг од претседателските избори пред Александар Стојаноглу, откако беа преброени 92 отсто од гласовите, покажуваат податоците на веб-страницата на Централната изборна комисија.

Санду е во водство со 50,28 отсто од гласовите, покажуваат податоците.

Двајца политички аналитичари од Кишињев, Владислав Кулмински и Валериу Паша, изјавија дека според нивната проценка, резултатите укажуваат дека Санду добила втор четиригодишен мандат и го победила Стојаногл, поранешниот главен обвинител

Последни се пребројуваат гласовите на дијаспората, која вклучува Молдавци кои живеат во западните метрополи и кои гласаа за Санда во првиот круг од изборите на 20 октомври.

Ниту Санду ниту Стојаноглу, кои беа поддржани од проруската социјалистичка партија, сè уште не прогласиле победа или го признале поразот

Back to top button
Close