Бајден ќе ги следи изборите од Белата куќа
Претседателот на САД, Џо Бајден претседателските избори ќе ги следи од Белата куќа и не планира да учествува во јавни настани.
Администрацијата на Бајден истакна дека тој, заедно со сопругата Џил и вработените во Белата куќа заедно ќе ги следат изборите.
Кандидат на Демократската партија е потпретседателката Камала Харис, која Бајден ја поддржа откако се повлече од трката.