(ВИДЕО) Трамп повторно се вознемири поради прашање за Путин, па го навреди новинарот
Новинарот го потсети Трамп дека во текот на изминатите 22 месеци, тој поставил низа рокови за рускиот претседател да прогласи прекин на огнот и директно да се сретне со Володимир Зеленски – барања што Москва ги игнорираше. Тој го праша Трамп кога ќе заврши таквото додворување кон Кремљ.
Видно изнервиран, Трамп избегна одговор и возврати со прашањето дали Путин води војна против САД.
Потоа ја нападна телевизиската куќа за која работи новинарот, го прекина и му даде збор на друг новинар, упатувајќи му навреда: „Каков будала си“.
Прашањето на Трамп – „Дали тој води војна против нас?“ – се однесуваше на конфликтот со Иран, но тврдењето на Москва дека не дејствува против американските сили е во директна спротивност со извештаите за случувањата на теренот.
Тие руски податоци им овозможија на иранските сили да извршат серија прецизни ракетни напади врз американските бази на Блискиот Исток, при што загинаа неколку американски војници, а десетици беа ранети.
Прашањето за попуштањето пред Путин ја допира самата суштина на надворешната политика на Трамп, која во последните месеци се сведува на префрлање на целиот притисок врз Киев






