Инциденти на протестот во Нови Сад
Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад во 18 часот започна голем граѓански протест каде организаторите бараат сите кои директно и индиректно се одговорни за трагедијата што се случи на 1 ноември кога врз луѓе падна бетонска настрешница да поднесат оставки и кривично да одговараат.
Голем број граѓани од цела Србија и од Белград денеска се упатија на протестот во Нови Сад.
Силни полициски сили се лоцирани во центарот на градот и во Градското собрание.
Демонстрантите дојдоа пред Градското собрание, каде е распоредена жандармерија, а на вратата на оваа институција беа фрлени камења и црвена боја.
Голем број демонстранти доаѓаат пред Градското собрание со транспарент „Ќе одговарате“.
Организаторите се обидуваат да ги смират граѓаните.
Според Н1, ситуацијата е слична на онаа пред собранието на град Белград по изборите во декември минатата година. Цистерна на која пишува вода за пиење се наоѓа пред Градското собрание и од неа се сипушта вода кон влезот на зградата.