(ВИДЕО) Демонстрантите во Нови Сад истурија фекалии врз Градското собрание

Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад во 18 часот започна голем граѓански протест. По обраќањето на организаторот, демонстрантите се упатија кон Градското собрание. Атмосферата особено се вжешти пред просториите на СНС и пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа со камења и боја, јавуваат српските медиуми.

Протестот започна со едноминутно молчење за жртвите од несреќата, а потоа насобраните беа повикани да маршираат во колона кон центарот на градот и Градското собрание, каде демонстрантите донесоа трактор со цистерна полн со фекалии, кој го истурија врз собранието, а потоа ги кршеа стаклата на зградата.

Демонстрантите се обидоа да го запалат Градското собрание, ставајќи неколку факели низ прозорците на оваа институција.

Силни полициски сили се лоцирани во центарот на Нови Сад. Неколку џипови и амбулантни возила влегле во дворот на Градското собрание, но ги нема на платото пред Железничката станица, од каде во петокот се урна настрешницата при што загинаа 14, а три лица тешко беа повредени.

Граѓаните бараат оставка од српскиот премиер Милош Вучевиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close