ФБИ: Името и симболот на ФБИ злоупотребени за објави на дезинформации за изборите

Федералното истражно биро (ФБИ) денеска соопшти за два случаи во кои името и симболот на оваа безбедносна служба биле злоупотребени за ширење дезинформации во врска со претседателските избори.

Видеата се меѓу неколку фабрикувани клипови кои имитираат новински организации и официјални лица, а беа распространети онлајн вчера, изјавија од ФБИ. Во време кога десетици милиони Американци излегуваат на гласање ваквите инциденти шират лажни информации за безбедносни закани и интегритетот на изборите.

Истражителите велат дека видеата најверојатно биле создадени од руска дезинформациска група.

Две видеа, создадени да изгледаат како да се објавени од ФБИ, изнесоа лажни тврдења за измама со гласови, наведувајќи дека управата на пет затвори во Пенсилванија, Џорџија и Аризона манипулирала со гласовите на затворениците и соработувала со политичка партија. ФБИ изјави дека видеата не се автентични и дека нивната содржина е лажна.

Други фабрикувани видеа беа споделени во изминативе денови. Едно фабрикувано видео, создадено да изгледа како извештај од „Си-Би-Ес њуз“ лажно наведува дека ФБИ ги советува луѓето да „гласаат од далечина“ поради потенцијална терористичка закана. Такво предупредување не е издадено од американските власти, ниту пак CBS News има произведено таков извештај. Сметката што го објавила видеото на социјалната платформа X беше суспендирана вчера попладне.

-Ова видео не е автентично и не ја претставува точно моменталната закана или безбедноста на локациите за гласање, изјавија денеска од ФБИ.

Друго видео било фабрикувано да изгледа како да е произведено од Fox News.

Според Antibot4Navalny, колектив истражувачи што следи руска дезинформација онлајн, видеата најверојатно биле создадени од истата руска дезинформациска група која во последниве денови објави уште две фабрикувани видеа на ФБИ.

Групата има историја на имитирање на меѓународни новински медиуми и американски владини институции. Многу од нивните објави вклучуваат QR кодови кои водат до легитимни новински медиуми за да изгледаат како автентични. Групата објавила слични лажни тврдења за закани пред Олимписките игри.

-Интегритетот на изборите е меѓу нашите највисоки приоритети, и ФБИ тесно соработува со државните и локалните безбедносни партнери за да одговори на изборните закани и да ги заштити нашите заедници, додека Американците го остваруваат своето право на глас, изјавија од ФБИ. „Обидите да се измами јавноста со лажна содржина за проценките и активностите на ФБИ имаат цел да го поткопаат нашиот демократски процес и да ја нарушат довербата во изборниот систем

Back to top button
Close