Ватикан му честиташе на Доналд Трамп
Ватикан му честиташе на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и му посака „голема мудрост“ додека се подготвува да се врати во Белата куќа.
„Му посакуваме голема мудрост бидејќи, според Библијата, тоа е главната доблест на владетелот“, изјави државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.
„Верувам дека тој пред се мора да работи на тоа за да биде претседател на целата земја и на тој начин да се надмине поларизацијата што многу јасно се чувствува во овој момент“, рече Паролин на маргините на еден настан во Рим.
Коментарите на кардиналот се првите јавни изјави на официјален претставник на Ватикан за победата на Трамп.
Папата Франциск, поглавар на Католичката црква од март 2013 година, претходно ја критикуваше политиката на Трамп.
Папата во септември рече дека планот на Трамп да ја запре илегалната имиграција и да депортира милиони имигранти кои веќе се во САД е „спротивен на животот