Русија распиша потерница по судија од Меѓународниот кривичен суд

Московскиот суд издаде налог за апсење на судијата од Меѓународниот кривичен суд (МКС) Хајкел Бен Махфуд под обвинение за „незаконско затворање“, јавува денеска Радио Слободна Европа.

Судот на 11 ноември соопшти дека обвинението произлегува од издавањето на налози за апсење на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов од страна на Меѓународниот кривичен суд.

Махфуд и неговите колеги од МКС, Росарио Салваторе Аитала и Серхио Херардо Угалде Годинез, на крајот на јуни издадоа потерници по Шојгу и Герасимов за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Украина, откако Русија ја започна инвазијата на нејзиниот сосед во 2022 година.

Според судиите на МКС, Шојгу и Герасимов се одговорни за руските ракетни напади извршени од октомври 2022 година и најмалку до 9 март 2023 година, врз украинската енергетска инфраструктура.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close