Вучиќ за пад на рејтингот: Јас сум со позитивен скор


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека според последните истражувања, оние што ги направиле опозициските агенции, само тој се уште има позитивна оценка и рече дека според истражувањето на Демостат тој има поддршка од 47 или 49 отсто од граѓаните, додека опозицијата ја поддржуваат само шест отсто од граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ ова го кажа во Будимпешта кога го прашаа новинарите како го коментира тоа што говорат дека рејтингот му паѓа по трагедијата во Нови Сад и поради литиумот и дека довербата во него, според истражувањето на Демостат, е околу 47 отсто и дека мнозинството граѓани повеќе не му веруваат.

-Видов 47 или 49 отсто, а 36 се негативни. Не е важно, но 68 се против опозицијата, додека само шест отсто се за, според нивното истражување, на опозициските агенции. За жал, сè уште сум единствениот што има позитивен резултат за тие позитивни и негативни оценки во Србија, но нивниот минус е бесконечен, така што ова не е проблем, не видов никакви промени, рече Вучиќ.

Како што додаде, знаел што ќе се случи во Нови Сад, а што во Белград, и очекува позначајна предност за партијата чиј член е тој отколку што беше до неодамна и, како што додава, била огромна до неодамна.

-Беше некаде на 47,48 проценти, а второпласираната СПС со 6,8, третопласираната партија на Ѓилас со 5,4 или нешто слично. Во право се ако е тоа лошо, но нека ми кажат во која држава има таква разлика меѓу првопласираните, второпласираните и третопласираните, па да го прифатам тој аргумент, истакна Вучиќ.

Според него, такви работи слушал со години и дека секоја година слуша дека рејтингот му паѓа.

-Не над 30 проценти, туку над 45,50 проценти, но што да им правите? Најдобро е кога луѓето живеат во замката на сопствените лаги и желби, нагласи Вучиќ.

Тој додаде дека за опозицијата, според истражувањето на Демостат, бројките се „страшни, поразителни“ и дека претседателот има доверба од 47 или 49 отсто, Владата 14, а тие имаат само шест или седум отсто популарност.

Податоците до кои дојде Демостат покажуваат дека српските граѓани имаат уште помала доверба во српските институции од порано. Поточно, 47 отсто од луѓето во Србија имаат доверба во претседателот Александар Вучиќ, додека третина изјавиле дека воопшто немаат доверба.

Исто така, според резултатите од истражувањето на Демостат, само 14 отсто од луѓето имаат доверба во Владата на Србија, додека помалку од една третина од граѓаните (28 отсто) имаат доверба во Парламентот. Дополнително, секој десетти граѓанин им верува на локалните власти.

Back to top button
Close