Одложен тендерот на ЕВН Хоум на кој ЕСМ требаше да достави понуда

Одложен повикот на ЕВН Хоум на кој ЕСМ требаше да достави понуда со нова цена на струјата за домаќинствата.

Иако требаше да биде денеска, од ЕВН Хоум за Телма соопштиле дека тендерот за понудите ќе биде на 28 ноември.

Од тоа каква цена ќе понудат државните електрани најмногу ќе зависи какви сметки ќе имаат граѓаните од први јануари.

Моментално мегават од ЕСМ чини 60 евра. Мицкоски рече дека големи промени нема да има. Ако дојде до поскапување, тоа ќе биде до 3 проценти. Смета дека понудата од ЕСМ ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра.

Останатите енергетски компании пак до Регулаторна доставија барања за поскапување на својата услуга од 50 до 80 отсто. За претседателот Бислимовски ваквите барања не се прифатливи.

Новата цена за преносот и дистрибуцијата треба да се донесе до крајот на ноември. Меѓувреме, ЕСМ продолжува да набавува струја за целосно покривање на домашните потреби.

Компанијата побара да купи над 60 илјади мегават часови струја. Резултатите по која цена од кои фирми трговци со струја и колкава количина успеале да обезбедат се уште не се објавени.

Back to top button
Close