Емануеле Жиофре: Следната година е клучна, проширувањето на ЕУ е врвен приоритет
– Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Емануеле Жиофре, изјави дека проширувањето на Европската Унија е веќе геополитички императив и врвен приоритет. Тој нагласи дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан и земјите со аспирации за членство е итна задача.
Говорејќи на претставувањето на Белата книга 2024 на Советот на странските инвеститори, Жиофре истакна дека Србија мора да го искористи моментот и да одговори на засилениот фокус на ЕУ за проширување.
– Сега е времето за јасни чекори напред. Тоа треба да биде во центарот на нашата работа – на Владата на Србија, Делегацијата на ЕУ, граѓанското општество, компаниите и целата држава, рече Жиофре.
Тој потенцираше дека Планот за раст на Западен Балкан нуди можности за Србија да го зајакне својот економски развој, да го намали социо-економскиот јаз со ЕУ и да го забрза својот пат кон членство.
Жиофре оцени дека планот не е замена за членство, туку само поттик за Србија на патот кон европското семејство