Десет новороденчиња загинаа во пожар во Индија, а 16 се борат за живот

Најмалку 10 новороденчиња загинале, а 16 се борат за живот во пожар што го зафатил неонатолошкиот оддел на болница во градот Џанси во северната индиска држава Утар Прадеш, објави новинската агенција ПТИ, повикувајќи се на локалните власти.

Веројатна причина за пожарот е краток спој. Пожарот брзо се проширил во одделението, во кое имало 55 бебиња.

Кога пристигнале пожарникарите, одделот бил зафатен од пламен и чад. Спасувачите морале да ги кршат прозорците за да стигнат до бебињата. Очевидци велат дека спасувачката операција започнала околу 30 минути по избувнувањето на пожарот, што ги одложило напорите за евакуација

Заменик премиерот на Утар Прадеш, Брајеш Патак ја посетил болницата и се сретнал со семејствата на повредените деца. Тој ветил поддршка од владата за семејствата на жртвите и темелна истрага.

– Ќе ги идентификуваме одговорните за оваа трагедија и ќе преземеме строги мерки. Владата ги поддржува семејствата во овој тежок момент, истакнал Патак.

Back to top button
Close