САД: БиХ далеку од ЕУ поради корупција и етнонационализам
Политичката состојба во Босна и Херцеговина е длабоко загрижувачка, а земјата ќе мора да чека со децении за членство во Европската Унија доколку политичарите продолжат со сегашното однесување, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи.
Тој истакна дека корупцијата и манипулациите се главни причини за доминацијата на „етнонационалистичките“ партии, кои наместо да работат за добробит на народот, обезбедуваат лична добивка.
Според него, решавањето на овој проблем бара подобрување на интегритетот на изборниот процес и продолжување на улогата на Канцеларијата на високиот меѓународен претставник (ОХР) додека ситуацијата не се стабилизира.
Реагирајќи на изјавите на Марфи, лидерот на Република Српска, Милорад Додик, го обвини амбасадорот за „загадување на јавниот простор и заштита на криминалци