В.Д. директорот на ЈСП, Кушовски, деградирал за пониска плата претседателка на синдикатот, зашто рекла дека состојбата во претпријатието е катастрофална
На две години пред пензија, истакната и високобочувана вработена, која била претседателка на синдикалната организација во ЈСП Скопје, била казнета од директорот Драги Кушовски зашто изјавила на медиумите дека состојбата во претпријатието е катастрофална. Со решение тој ја преместил да работи на организација на автобуски постојки, за помала плата, пренесе СДК.
Синдикалката во септември го пријавила директорот во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која на почетокот на овој месец донела одлука дека „се утврдува директна дискриминација врз претседателката на синдикалната организација врз основа на личен или општествен статус-претседател на синдикална организација на ЈСП Скопје во областа на работата и работните односи и членувањето и дејствувањето во синдикални, политички партии, здруженија на граѓани и фондации или други организации засновани на членство, сторена од страна на в.д. генералниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Драги Кушовски“.
Во претставката 60-годишната вработена навела дека била прашана од медиумите за катастрофалната состојба во претпријатието и нејзина морална обврска било да им каже точно како што е состојбата.
…