Зајкова да ги следи постапките на СДСМ и да си поднесе оставка, велат од Иницијативниот одбор на ЛДП
„Иницијативниот одбор смета дека Зајкова треба да ги следи стапките на Ковачевски и да си поднесе оставка. СДСМ ја прифати опозиционата улога и започна со нови сили да биде коректор на власта, што е здраво за секоја демократија. За разлика од нив Зајкова ја држи ЛДП во заложништво и никако не може да прифати дека народот ја прати во опозиција“, велат од Иницијативниот одбор на ЛДП.
„Викендов во ИЕ5 наместо регионален семинар на ЛДП, Зајкова остана осамена во хотел Молика само со дел од членовите на ЛДП од Битола.
Општинските организации во ИЕ5 и порај невидените притисоци и закани на раководството се приклучија на трибината организирана од страна на иницијативниот одбор за реформи во ЛДП.
Колку побрзо разбере Зајкова дека партијата е поважна од личните интереси толку побрзо ЛДП ќе се реформира и ќе го врати своето значење и влијание на политичка сцена.
Порачуваме наместо да прави заеднички трибини со луѓето со кои до вчера беше политички непријател и да го бламира членството и партијата, да се надмине себе си и да си поднесе оставка.
Партијата час поскоро треба да ги отпочне подготовките за самостоен настан на престојните локални избори“, соопшти Иницијативниот одбор на ЛДП