Ископани се гранати во канал пред Основен суд – Гостивар
Пет експлозивни тела од непознато потекло се откриени при изведување на градежни работи во близина на Основен суд – Гостивар.
Во моментов полициски службеници го обезбедуваат местото и се очекува увид.
Неофицијално, се работи за артилерски гранати кои најверојатно потекнуваат од времето на Втората светска војна