ЈСП утре ќе добие шест електрични автобуси, Владата ќе купи уште 120 донација за општините, најави Меџити

Природата овие денови направи Скопје да не е на врвот на листата на најзагадени градови, вели првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Според Меџити, ова не е од денеска, туку од поодамна.

„Главен фактор е тоа што индивидуалните домувања се греат на сè и сешто, не по нивна вина, туку дека досега не сме им овозможиле. Во овој дел сакаме да го вратиме проектот за гасификација и да го тераме до крај. Тоа ќе биде прво што ќе придонесе за намалување на загадувањето. Второ, да го субвенционираме централното греење, односно луѓето да почнат да се враќаат на централното греење бидејќи тоа е уште почисто од гасификацијата“, нагласи Меџити.

Тој смета дека главен фактор за загадувањето во градот е урбаниот транспорт, па поради тоа најави дека утре на градот Скопје, односно на ЈСП, ќе му се донираат шест електрични автобуси.

„Деновиве, разговараме и пред одлука сме Владата да купи 120 електирчни автобуси, кои ќе бидат доделени како донација на јавниот транспорт во општините, особено во урбаните средини. Има одлука и акциски план од Владата, од сите сектори се преземаат мерки, но јас сум повеќе за тоа да се елиминираат причините“, потенцира Меџити.

Владата им помогна на Град Скопје и ЈСП со позајмување нафта за автобусите да бидат во функција

Back to top button
Close