Лами: Ако Нетанјаху ја посети Велика Британија, ќе ги следиме соодветните процедури поврзани со налогот за апсење од МКС

Велика Британија ќе ја следи соодветната постапка доколку Бенјамин Нетанјаху го посети Обединетото Кралство, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами како одговор на прашањето дали Лондон ќе ја исполни налогот за апсење на израелскиот премиер на Меѓународниот кривичен суд, пренесоа британските медиуми.

-Го потпишавме Римскиот статут, секогаш бевме посветени на обврските што ги имаме според меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, изјави Лами на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на Г7 во италијанскиот град Фоџа.

„Се разбира, доколку таква посета се случи во ОК, ќе има судски процес и ќе се следат соодветните процедури“, нагласи Лами

Back to top button
Close