Се продава нов пакет акции во „Македонија турист“ вреден 7,33 милиони евра: Ќе стане ли „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми најголем акционер?
Денес во Македонската берза е закажана нова јавна аукција на акциите на „Македонија турист“ а почетната цена на пакетот од 44.449 обични акции на „Македонија турист“ е 7,33 милиони евра.
Овој пакет акции обезбедува 9,83 проценти од основната главнина на хотелско-угостителската компанија. Почетната цена на една акција е 10.150 денари, а продажбата е закажана по моделот „сѐ или ништо“.
Најголемиот акционер во хотелиерскиот гигант „Македонија турист“, Доне Таневски продаде голем дел од своите акции и сега наместо 23,4% од капиталот, поседува само 17,72 отсто од акциите. Ако „Скопски пазар“ ги купи акцииите, ќе има околу 20% од капиталот и ќе ја преземе контролата во компанијата која досега ја имаше Доне Таневски.
Скопската компанија за издавање на недвижен „Скопски пазар “ која пред 10 дена стана втор најголем акционер во хотелиерскиот гигант „Македонија турист“, пред три дена купи 730 обични акции и сега поседува 10% од вкупниот број на обични акции, односно вкупно 45.230 акции со право на глас во хотелиерската компанија.
„Скопски пазар“ е компанија во која претседател на Надзорниот одбор е контроверзниот бизнисмен Фатмир Етеми кој е еден од најмоќните градежници и инвеститори во Македонија. Неговите роднини Арменд Етеми и Бесар Етеми се во Управниот одбор на оваа компанија.
„Скопски пазар“,е една од најзаинтересираните компании за доминација во акционерската структура на „Македонија турист“. Дополнително, нови акционери во „Македонија турист“ се и компаниите „М.Г. Фешн ДОО“, која поседува 7,69% од акциите, односно 34.795 акции, како и „Промедика“, која е нов акционер со 8,68% од вкупниот број обични акции.
…