Албанските демократи ја поздравија одлуката на судот за Бериша: Победата на Трамп стигна и до Албанија, црн ден за нарко-државата, бел ден за Албанија

Албанските опозициски демократи ја поздравија одлуката на Специјалниот суд против организиран лриминал и корупција за укинување на безбедносните мерки изречени за нивниот лидер Сали Бериша, не криејќи го задоволството од, како што ја нарекуваат „победата над наркодржавата“.

-Победата на Трамп стигна и до Албанија! Лидерот на опозицијата, проф. д-р Сали Бериша! Ветерот на промени доаѓа во нашата земја!“, напиша во својата реакција Агрон Ѓекмаркај, потпретседател на партијата.

 

Потпретседателот на ДП, Агрон Ѓекмаркај, реагираше по симнувањето на мерката „куќен притвор“ против Сали Бериша, со одлука на Специјалниот суд.

 

-Победата на Трамп стигна и до Албанија! Лидерот на опозицијата, Проф. д-р Сали Бериша! Ветерот на промени доаѓа во нашата земја!“, напиша во својата реакција Агрон Ѓекмаркај, потпретседател на партијата.

Белинд Келичи напиша : „Фарсата падна! Конечно е ослободен претседателот на ДП и лидер на опозицијата, проф. д-р Сали Бериша“.

 

-Вистината може да се одложи, но ќе излезе на виделина! Во тоа сум убеден уште од првата минута од развојот на овој заговор против Бериша и нашата демократија! Сега мораме целосно да го разбиеме заговорот заедно со режимот, коментираше Тритан Шеху.

За Клевис Балиу, „денеска се ослободи промената, надежта за Албанија како цела Европа. Црн ден за нарко-државата. Бел ден за Албанија“.

Од затвор, каде ја издржува мерката притвор, реагираше и лидерот на Партијата на слободата и поранешен шеф на државата, Илир Мета, кој им честиташе и на „сите граѓани кои сакаат и заслужуваат правна држава“

-Конкретно, сакам да го поздравам Проф. д-р Бериша со мојата изјава, како претседател на Републиката, дадена на 22 мај 2021 година, кога беше прогласен за „нон грата“, бидејќи секогаш сум бил убеден дека тоа писмо е составено против него од страна на Еди Рама, Сорос, Чарлс Мекгонигал, Росини и други за да се уништи политичкиот плурализам за коруптивни цели и да се затрујат односите меѓу Албанија и САД, напиша Мета, постирајќи заедничка фотографија.Тој изразува огромна благодарност до судот во Стразбург.

-Огромна благодарност и до Судот во Стразбур, кој како никогаш досега го квалификуваше случајот „Бериша“ како „приоритетен случај“, односно важен, и ја соопштија оваа објава многу брзо, без да чекаат исцрпување на домашните судови. Десоросификацијата на правдата и нашето општество е национална вонредна состојба за враќање на владеењето на правото и заштита на националните интереси, порачува Мета.

Се очекува Бериша по 333 дена да го напушти домот и да замине во седиштето на партијата.

Back to top button
Close